Uncategorized
- Информации за COVID-19 протоколимај 29, 2021
- Зошто секој треба да ги посети...април 16, 2021
- Ова лето ве носиме во земјата...март 23, 2021
- Информации за COVID-19 протоколи
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ Локација: Доколку барате место за да го поминете вашиот одмор што ќе ги исполни сите ваши очекувања и желби на најлуксузно ниво, тогаш Steigenberger Resort Ras Soma е вистинскиот избор! Хотелот е еден од …
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ SUNRISE ROYAL MAKADI Локација Хотел SUNRISE ROYAL MAKADI се наоѓа во срцето на заливот Макади, 30 минути од аеродромот и 35 минути од центарот на Хургада. Изграден е во релаксирачки дел од заливот со прекрасна песочна …
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ Локација: Хотелот се наоѓа во северниот дел од Хургада, на околу 15 километри од аеродромот и околу 10 километри од центарот на градот. Информации: Caves Beach Resort е проектиран во уникатен и интересен пештерски стил, по примерот на познатите Flintstones. Отворен е во 2015 …
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ Локација: Овој хотел лоциран во Ел Дахар (стара Хургада) е сместен на сама плажа и е одалечен 4.7 км од новата Марина во Хургада и 9 км од аеродоромот Сместување: Располага со вкупно 212 соби, секoја опремена …
Најстарата древна цивилизација – земјата на светските чуда
Земјата на светските чуда
Египет е северноафриканската држава која се впишува на листата на најпосакуваните туристички дестинации. Египед е познат по најстарите древни цивилизации, со импозантни храмови, хиероглифското писмо, мумиите и величенствените гигантски пирамиди на бесмртните фараони, кој го прави недоминлив дел од историјата на човештвото. Египетските предели се полни со грандиозни споменици, чија старот достигнува неколку илјади години.
Што да посетите во Египет?
Долината на кралевите
Сместена е на западниот брег на реката Нил (река по која всушност се формирала оваа фасцинантна цивилизација). Долината на кралевите е место кое било наменето за гробниците на фараоните и нивните семејства. Има вкупно 63 гробници, но само во 20 од нив почиваат египетски кралеви како Рамзес, Ахмосе, Тутанкамон, Аменхотеп и Акенатен. Оваа долина станува славна во 1922 година, по откривањето на гробот на Тутанкамон со неговото „проклетство“. Долината на кралевите денес е една од најпознатите атракции во Египед. Сите гробници се исклучително различни едни од други, а нивната големина зависи од рангот на семејството.
За посета на оваа атракција надобро е да се покани локален водич и да прочитате малку за древните египетски погребни практики однапред, бидејќи текстовите и сликите на ѕидовите се сосема сложени, вашата посета ќе биде многу поинтересна доколку имате општа претстава за она што се случува во сите сцени.
Антички пирамиди
Земјата на фараоните е добро позната и по своите пирамиди, споменици кои според старите египќани го означувале патот кон сонцето, а нивните агли се совршено ориентирани кон четирите кардинални точки. Најпозната е Кеопсовата пирамида, изградена од над 2.300.000 блокови варовник, тежок над 2,5 тони. Кеопс се состои од три мртовечни комори. Многу слични на структурата на најпознатата пирамида се и Кефрен и Микеринос, а на целата територија се откриени над 100 други пирамиди.
Величенствената Сфинга од Гиза
Сфингата од Гиза е огромна статуа со тело на лав и глава на крал или бог, која е суштински симбол на антиката и често ја нарекуваат „осмото чудо на светот“. Синксот е сместен на западниот брег на Нил, на само 10км од Каиро и е познат како најголемата монолитна статуа во светот. Бил погребан со песок многу пати, но бил изнесен на површина и обновен исто толку пати. Египетските владетели сфингата ја нарекулаве Хое-Ем-Ехет што значи Хорус на хоризонтот, симбол на Богот на Сонцето. Само главата на оваа величенствена статуа е висока 6 и широка 4 метри. Иако денес е целосно безбојна, се претпоставува дека Сфингата првично била обоена со сцетло црвена боја.
Share this tourНајдете ја најдобрата понуда за вашиот одмор со Аура Травел. Најдобри цени, сигурност и квалитет.
Поддржано од:
046 780 060
Кеј Борис Кидрич бр. 4, Струга, Македонија.
Понеделник - Петок 08:30 - 16:00
Сабота 08:30 - 13:00
Недела ЗАТВОРЕНО