Uncategorized
- Информации за COVID-19 протоколимај 29, 2021
- Зошто секој треба да ги посети...април 16, 2021
- Ова лето ве носиме во земјата...март 23, 2021
- Информации за COVID-19 протоколи
Малдивите се познати по кристално чистите води, раскошните палми и белиот песок. Незаборавно место за одмор во скоро било кој месец и вистински избор доколку сакате мир и луксуз.
Малдивските Острови или Малдивите се островска земја која е составена од 26 атоли во Индискиот Океан. Атоплските групи на Малдивите содржав во себе 1192 островчиња, од кои 280 населени, 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси за туристи. Со површина од 298 квадратни километри и 328.500 жители, Малдивите се најмалата земја во Азија.
Природните убавини на овие острови се магнет за туристите а воедно и најважната индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни коралски пејсажи тие се рангирани како една од најдобрите места за нуркачи во светот. Малдивите се познати по кристално чистите води, раскошните палми и белиот песок. Во текот на целата година времето е претежно сончево и топло, па би било одлично место за одмор во скоро било кој месец и вистински избор доколку сакате мир и луксуз.
Што да посетите на Малдивите?
Градот Мале
Главниот град на Малдивската република, кој се наоѓа на атолот Северен Мале. Со површина од само 1,77 квадратни километри и 125.000 жители, Мале е најмалиот главен град во светот. Според традицијата, градот е крал на островот, каде што античката малдивска кралкса дестинација владеела и каде што се наоѓала палатата.
Градот Аду
На јужниот атол на Малдивите, Аду е еден од најурбаните места за посетување на Малдивите. Со својата форма на срце, Аду е голема атракција и привлекува голем број парови со својот волшебен изглед, високи кокосови дрвја и тиркизни чисти води. Градот се состои од 6 населени острови, сите поврзани со автопат развиен од британците, служејќи како тајна поморска база уште во 1941.
Блескавата плажа
Блескавата плажа на Малдивите се наоѓа на островот Муду. Плажата е една од најпосетуваните туристички дестинации на овие острови, позната по своите феноменални флуоросцентни, блексави бранови. Овој природен феномент се јавува поради присуството на милиони морски микроби познати како фитопланктони во водата.
Share this tourНајдете ја најдобрата понуда за вашиот одмор со Аура Травел. Најдобри цени, сигурност и квалитет.
Поддржано од:
046 780 060
Кеј Борис Кидрич бр. 4, Струга, Македонија.
Понеделник - Петок 08:30 - 16:00
Сабота 08:30 - 13:00
Недела ЗАТВОРЕНО