Uncategorized
- Информации за COVID-19 протоколимај 29, 2021
- Зошто секој треба да ги посети...април 16, 2021
- Ова лето ве носиме во земјата...март 23, 2021
- Информации за COVID-19 протоколи
Дубаи е градот на луксузот, со неверојатни градби и морски брегови кои прават да се чувствувате како во рај. Дубаи е несомнено најпрогресивниот и најмодерниот од останатите емирати.
Дубаи е еден од седумте емирати кои ги формираат Обеднетите Арапски Емирати и една од најпопуларните светски дестинации. Овој град е познат како град на луксузот, со неверојатни градби и морски брегови кои прават да се чувствувате како во рај. Дубаи е всушност независен град – држава, а е несомнено најпрогресивниот и најмодерниот од останатите емирати. Овој град нуди работи кои ќе ве остават без зборови.
Поглед од кој ќе ви застане здивот – Единствен град во светот каде сè се одвива многу брзо, настанат од пустина, започнат од нула и изграден во последните 20 години. Дубаи ги има најфасцинантните облакодери и градби како од филм.
Бурџ Калифа – највисоката кука во светот со 828 метри височина, именувана во чест на шеикот Kalifa al Nahjan. Градена 6 години и потрошени 1,5 милијарди долари. Оној кој не го посетил комплексот, навистина е тешко да ја замисли неговата спектакуларност. За споредба, комплексот е висок колку три Ајфелови Кули и два Емпаер стејт билдинг згради.
Дубаи е дом на неколку вештачки острови од кои најпознати се Палмините острови – воодушевувачки склоп од повеќе острови во форма на палмино дрво.
Хотелот Бурџ ал Араб – еден од наскапите и најлуксузни хотели во светот, изграден на вештачки остров. Хотелот со едра е нешто сосема ново и предизвикувачко, бидејќи едрењето е важен симбол за жителите на Дубаи. За да се создаде целосна слика, хотелот е изграден директно над водата и личи на величенствен морски брод.
Арапската храна е доста популарна и достапна насекаде во Дубаи. Интересен факт е дека продажбата и потрошувачката на свинско месо, законски се регулира и продава само на немуслиманите во неколку одредени области и супермаркети, како и на аеродромите. Исто, потребна е дозвола за купување на алкохол, но е достапен во баровите и рестораните за туристите.
Кога станува збор за егзотична храна и луксузни ресторани, Дубаи е на врвот на листата. Може да се најдат сите видови на кујни од италијанска до азиска. Рестораните не само што нудат вкусна храна, туку и зачудувачки декори, погледи и небесни кулинарски искуства.
Авантури
Дочек на Новата година со прекрасен огномет – Дубаи во 2014та година се запиша во Гинисовата книга на рекорди со најголем новогодишен огномет кој бил планиран цели 10 месеци и траел 6 минути.
Скијање на сред пустина – Ски Дубаи е првиот затворен ски центар кој има 5 стази, а најдолгата се простира на 400 метри со пад од 60 метри. Опремен со жичари и околу 6000 тони вештачки снег.
Дубаи е рај за шопинг љубителите! Тој е дом на најголемиот трговски центар во светот – Дубаи Мол, со продавници од највисоката мода на секој агол. Дубаи организира шопинг фестивали кои траат месец дена, со концерти и наградни игри, каде купувачите можат да освојат секакви награди, од автомобили до злато.
Посетата на Дубаи не е целосна ако не се искуси пустинското сафари. Тоа е полудневен излет каде може да возите џипови во пустина, да јавате камили или да скијате во песок. Пустинскто сафари нуди и ноќевање во еден од бедуинските шатори.
Најдете ја најдобрата понуда за вашиот одмор со Аура Травел. Најдобри цени, сигурност и квалитет.
Поддржано од:
046 780 060
Кеј Борис Кидрич бр. 4, Струга, Македонија.
Понеделник - Петок 08:30 - 16:00
Сабота 08:30 - 13:00
Недела ЗАТВОРЕНО