Uncategorized
- Информации за COVID-19 протоколимај 29, 2021
- Зошто секој треба да ги посети...април 16, 2021
- Ова лето ве носиме во земјата...март 23, 2021
- Информации за COVID-19 протоколи
Турција е една од шесте најпопуларни туристички дестинации во светски рамки.
Земја со неопислива убавина, богатство, традиција, природа во која во одреден дел доминира античка грчка култура, што ја прави посебна за посетителите. Турција е земја што може да задоволи различни туристички потреби. Изобилува со тивки заливи, плажи, села и метрополи. Турција во последните неколку години забрзано се модернизира, но и покрај тоа успева да ја задржи автентичноста која е примамлива за секој посетител.
Најголемата метропола во Турција – Царскиот Истанбул. Тоа е единствениот град во светот што се протега на два континенти, и е мешавина од традиционална исламска архитектура и модерни градби. Аја Софија, Топкапи, Сината џамија и чаршијата Капали, се само дел од задолжителната листа на атрактивни места што секој турист треба да ги посети.
Но, Турција не е само прекрасниот Истанбул, на нејзиното поднебје лежат уште многу дестинации кои вредат да се посетат. Едни од нив се Памукале – Памучниот Замок кај градот Денизли, кој всушност е сол и травертин, кој за многу векови се акумулирал на падините и ги претвори во снежно бели тераси; Бодрум – со кристално чисто море, прекрасни плажи и мека клима; Кушадаси – популарното летувалиште на брегот на Егејското море; Анталија – магичниот град со античко и природно богатство и уште многу други.
Кулинарската традиција на Турција е стара повеќе од 1300 години, благодарение на нејзината поволна географска положба и Медитеранска клима. Турската кујна е една од 10те најатрактивни светски кујни. Номадското потекло на турците населени од Монголија и Западна Азија сè уште имаат влијание и е присутно во облик на „фиде и манти“ – кнедли полнети со сирење и месо кои често се слушат во сос од јогурт.
Убавината на турското готвење е во едноставноста на основните готвачки техники, различноста на рецептите и искреноста на крајниот производ – главната состојка е секогаш во прв план и не е сокриена и маскирана под импресивни декори. Локалните специјалитети се вистински уникати и за нивната подготовка се употребуваат разни зачини.
Вистинско богатство се десертите – синоним за турската традиционална кујна. Вкусната баклава од кори потопени во шербет – кралицата на десертите во Турција; познатиот турски локум кој секогаш завршува со највкусното турско кафе и нешто без кое не можете да си заминете од Турција, а да не го пробате е турскиот чај.
Турција е секогаш добар избор за патување во било кое годишно време. Поради добрите климатски услови во Турција е претежно топло и сончево, од месец мај, па се до месец октомври. Западното крајбрежје кое се протега покрај Егејското и Средоземното море, Турција е врвна дестинација за посетителите. Со нејзините најпознати летувалишта како Кумбургаз, Анталија, Аланија, Кемер, Сиде Фоча, Белек и Бодрум таа ги примамува љубителите на тиркизно море и песочни плажи.
Официјално најубава плажа во Турција е Олудениз (Blue Lagoon), сместена во заливот на Фетије. Таа е заштитена зона за да се зачува нејзината природна убавина, карактеристична по својот единствен облик и славна за нуркачите кои доаѓаат од целиот свет во потрага по различни видови морски свет. Плажата Капуташ – опкружена со големи планини зад неа; плажата Илџа – каде водата е многу топла и можете да уживате и во ноќно капење; Ајазма – позната по својот златен песок и кристално чисто тиркизно море, се само дел од многуте прекрасни плажи кои не смеете да ги пропуштите доколку сте во нивна близина.
Share this tour
Најдете ја најдобрата понуда за вашиот одмор со Аура Травел. Најдобри цени, сигурност и квалитет.
Поддржано од:
046 780 060
Кеј Борис Кидрич бр. 4, Струга, Македонија.
Понеделник - Петок 08:30 - 16:00
Сабота 08:30 - 13:00
Недела ЗАТВОРЕНО