Description
За сите вело-авантуристи кои истовремено сакаат да уживаат во прекрасни погледи и видици, ова е патеката која треба да ја искусат летово. Патеката започнува од Отешево до превојот кај параклисот „Св. Ѓорѓи“, над Трпејца. Дел е по асфалтен пат, дел низ шума и низ сенки, а со попатни застанувања се ужива во погледот кон Преспанското езеро. Кога ќе се стигне до целта, се отвора ново уживање за очите и душата, поглед кон Охридското езеро, од точно над Трпејца.