Description
Во своите длабоки долови и стрмни падини, надвиснати и заплискувани од езерските води, варовитата убавица Галичица нуди рекреација за вљубениците во природата, предизвици за планинарите, обележани патеки за велосипедистите, стази за скијачите, како и пространи ледини со изобилство на лековити билки.
Почеток на турата од договореното место во утринските часови. Превоз со високо туристички автобус/мини бус. Групата ќе ја води стручен туристички водич. Превозот до местото од каде ќе почне планинарењето трае околу 1.30 мин. Од малата капела на Св. Ѓорѓија, започнува планинарењето до врвот Магаро 2255 м.н.в.
Искачувајќи се по обележаните патеки на планината, ќе бидете запознаени со некои од ендимичните растанија. Ќе се помине покрај 2 антички театри – големи природни рецесии, пример за специфичната морфологија на планината.
Ќе се посетат и рововите од првата Светска војна. Патот кој води до врвот Магаро е исполнет со импресивни пејсажи.
Од самиот врв Магаро се гледаат и 2-те долини и 2-те езера Охридско и Преспанско. Враќање до местото од каде што почна качувањето, каде ќе не чека минибусот.
Можност на враќање за организирање на ручек во планина или пак во селото Трпејца покрај самото езеро.