Description
TRY SCUBA DIVING – програма наменета за почетници и претставува брз и лесен вовед од 15 минути во основите на нуркањето. Нуркањето се одвива на длабочина од 5-6 метри во времетраење од 30-40 минути пред нуркачкиот центар кај Музејот на вода, Градиште – Охрид. На кандидатите им се обезбедува комплетна нуркачка опрема од центарот и се во постојано присуство на инструктор во текот на целото нуркање. По завршување на нуркањето кандидатите се стекнуваат со Try Scuba диплома.
2,980 ден.
ARCHAEOLOGICAL TRY DIVING – програма наменета за почетници која ги опфаќа сите воведни елементи од Try Scuba програмата, на која се нурка на подводниот археолошкиот локалитет и се разгледуваат околината и предмети стари повеќе од 3000 години. По завршување на нуркањето кандидатите се стекнуваат со Try Scuba диплома. Програмата вклучува и бесплатни подводни фотографии.
3,890 ден.
ПРОГРАМА ЗА СЕРТИФИЦИРАНИ НУРКАЧИ – нуркање за сертифицирани нуркачи (нуркања на различни локации по желба на нуркачот според нивото на искуство и сертификат кој го поседува) чија што максимална рекреативна длабочина изнесува 40 метри. Тука се вклопуваат ноќни, длабински, археолошки, нуркање на остатоци и зидови, нуркања во извори и нуркања со чамец. Вклучена е комплетна опрема од страна на центарот.
2,980 ден.