Uncategorized
- Информации за COVID-19 протоколимај 29, 2021
- Зошто секој треба да ги посети...април 16, 2021
- Ова лето ве носиме во земјата...март 23, 2021
- Информации за COVID-19 протоколи
Локација: Хотелот се наоѓа во северниот дел од Хургада, на околу 15 километри од аеродромот и околу 10 километри од центарот на градот.
Информации: Caves Beach Resort е проектиран во уникатен и интересен пештерски стил, по примерот на познатите Flintstones. Отворен е во 2015 година, се состои од главна зграда и неколку четирикатни анекс згради, нуди 385 сместувачки единици.
Сместување: Сите соби се уникатно дизајнирани, пространи, модерни и имаат клима, балкон или тераса, сеф, чајник, сателитска LCD телевизор, фен за коса. Стандардните соби се околу 40 m², луксузните соби се околу 50 m², а кралските соби се околу 60 m². Се плаќа: мини бар, телефон, услуга во соба и интернет.
Содржини: Хотелот располага со 3 базени (базен за анимација и два базени каде што гостите можат да уживаат во целосна тишина), одбојка на плажа, аеробик, пинг-понг, пинг-понг, фудбалско игралиште, вечерна програма и гала вечери. Wi-Fi е бесплатен во лобито на хотелот. Во спа центарот гостите можат бесплатно да ја користат модерната теретана додека масажите се со одредена доплата.
Плажа: Песочната плажа е прекрасно украсена и гостите на хотелот можат да користат пешкири, лежалки и чадори за сонце без доплата. Еден помал дел од плажата е со корален гребен, а поголемиот дел од зоната за капење е плитка вода и задолжителна употреба на чевли за капење. во овој дел од хургада плимите и осеките одредени периоди може да бидат многу изразени.
Најдете ја најдобрата понуда за вашиот одмор со Аура Травел. Најдобри цени, сигурност и квалитет.
Поддржано од:
046 780 060
Кеј Борис Кидрич бр. 4, Струга, Македонија.
Понеделник - Петок 08:30 - 16:00
Сабота 08:30 - 13:00
Недела ЗАТВОРЕНО