Uncategorized
- Информации за COVID-19 протоколимај 29, 2021
- Зошто секој треба да ги посети...април 16, 2021
- Ова лето ве носиме во земјата...март 23, 2021
- Информации за COVID-19 протоколи
Локација: Доколку барате место за да го поминете вашиот одмор што ќе ги исполни сите ваши очекувања и желби на најлуксузно ниво, тогаш Steigenberger Resort Ras Soma е вистинскиот избор! Хотелот е еден од најновите хотели во Хургада, на 55 километри од аеродромот, лоциран во заливот Сома, познат по прекрасните песочни плажи и тиркизните бои на морето.
Сместување: Хотелот располага со 409 различни, модерни и луксузно опремени соби. Супериор собите (двајца возрасни) од 50м2 се со поглед на базен, делумен поглед на море и поглед на море. Гранд супериор собите се попространи (2 возрасни + 1 дете) и можат да бидат со поглед на базен, делумен поглед на море и поглед на море. Ресортот Steigenberger Ras Soma има и Executive Swim Suites, Royal Swim Suites, Private Villas со приватен базен, на плажа, со две или три спални соби. Секоја соба има бања, фен, смарт ТВ со сателитски канали, мини бар, два телефона, сеф, апарат за кафе и чај, клима уред, крпи за плажа и базен, тераса и wi-fi.
Содржини: За љубителите на Медитеранот, како и за оние кои уживаат во вкусовите на азиската, ориенталната и либанската кујна, Steigenberger Resort Ras Soma нуди неколку ресторани: главниот ресторан Kahramana, Cabana Pool Side Restaurant – италијанска кујна, Maya Beach Restaurant & Bar – Рибни специјалитети, јапонски и азиски специјалитет ресторан Бенисума – само за гости над 16 години и либански специјалитет ресторан Arabesque. Гостите на Steigenberger Resort Ras Soma имаат на располагање и неколку барови – во фоајето, до базенот, на плажа: Safari Lobby Bar & Lounge (24 часовна услуга), Cabana Pool Bar, Aqua Bar Maya Beach Bar и The Shisha. Хотелот располага со менувачница, аптека, лекарски услуги, услуги за перење и пеглање.
Хотелот има неколку надворешни базени: два олимписки, детски базен, одбојка на плажа, дневна и вечерна анимација погодна за најмладите, терени за пинг-понг, тенис и јога. За гостите кои сакаат да се одморат и релаксираат, има модерен велнес центар и теретана Mividaspa.
Плажа: Овој хотел располага со прекрасна голема песочна плажа која е луксузно уредена и многу пријатна, поделена во два дела. Едниот дел на плажата е со корален гребен кој ги привлекува љубителите на подводниот свет додека другиот поголем дел е беспрекорно чист и со постепен влез во вода. На гостите им се достапни чадори и лежалки за сонце без доплата.
Најдете ја најдобрата понуда за вашиот одмор со Аура Травел. Најдобри цени, сигурност и квалитет.
Поддржано од:
046 780 060
Кеј Борис Кидрич бр. 4, Струга, Македонија.
Понеделник - Петок 08:30 - 16:00
Сабота 08:30 - 13:00
Недела ЗАТВОРЕНО