Description
ЈУНИ 2021
Berjaya Beau Vallon Bay Beach Resort And Casino 3* од 1275 еур по лице за двокреветна соба/со вклучен појадок
Doubletree By Hilton Seychelle 4* од 1855 еур по лице за двокреветна соба King Deluxe/со вклучен појадок
Hilton Seychelles Labriz Resort & Spa 5* од 1999 еур по лице за двокреветна соба Villa Garden View/со вклучен појадок.
Ден 1: Скопје – Истанбул
Доаѓање на Аеродром Скопје 2 часа пред полетување. Летот за Истанбул ТК1006 е во 20:50 часот. Слетува во 23:25 часот по локално време.
Ден 2: Истанбул – Махе
Патувањето продолжува со лет ТК748 во 01:50 за Маџе – Сејшели. Слетување по локално време во 11:00. Трансфер до хотелот каде ќе бидете сместени, слободно време и ноќевање.
Ден 3–8: Махе
Престој во хотелот со ноќевање и појадок. Денови предвидени за уживање на плажа. Можност за организирање на излети до околните острови (Praslin, La Digue).
Ден 9: Махе – Истанбул
Појадок. Слободно време до трансферот на аеродром. Чекање на летот за Истанбул ТК749 во 21:40.
Ден 10: Истанбул – Скопје
Слетување во Истанбул во 04:30 по локално време. Патувањето продолжува со лет ТК1003 во 07:35 за Скопје. Пристигање на Аеродром Скопје во 08:05.
Цената е прикажана во евра и пресметана во денари, 1 евро=62 денари. Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цената и тарифата на авионската карта). Можност за индивидуални дати за патување по барање.
Во цената е вклучено:
– Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines сo вклучен багаж, согласно саатници на програма;
– Аеродромско такси;
– 6 ноќевања во наведениот хотел, наведен тип на соба/наведена услуга;
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром со хидроглисер или хидроавион;
Цената не вклучува:
– Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
– Задолжителен негативен PCR тест;
– Факултативни тури;
– Други индивидуални трошоци;
– Патничко осигурување;
Сè што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО.
Услови:
При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 45 дена пред поаѓање.
Понудата важи за минимум 2 пријавени патници – индивидуална програма.
Рок за потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација.
За ова патување не се потребни медицински имунизации.
Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
Задолжително е патничко осигурување.



